Поврзете се со нас

Лига Европа

Николов и Муслиу одиграа по 120 минути, МОЛ Фехервар на чекор до ЛЕ

Објавено

на

МОЛ Фехервар на Бобан Николов и Висар Муслиу обезбеди место во последното квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Унгарскиот прволигаш се избори за плејоф рундата откако вечерва по една исцрпувачка битка беше подобар од францускиот прволигаш Ремс. Дуелот во Унгарија заврши без победник и без голови во регуларниот дел и по продолженијата по што се пристапи кон изведување на пенали, серија која домаќините ја добија со 4-1.

Николов и Муслиу одиграа по 120 минути, но не беа меѓу избраните да шутираат од 11 метри. Во следното коло МОЛ Фехервар ќе се соочи со подобриот од натпреварот Стандард-Војводина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни