Поврзете се со нас

Свет

Николов и Муслиу го победиja шампионот Ференцварош (Видео)

Објавено

на

Унгарското дерби меѓу МОЛ Фехервар и Ференцварош му припадна на домашниот тим (1:0), со што тимот на нашите Николов и Муслиу, во финишот на сезоната успеа да го совлада шампионот кој е недостижен на првото место.

Единствениот гол бил постигнат од пенал во 45. минута, а МОЛ Фехервар на овој начин само потврди дека го заслужува второто место, кое сигурно ќе го задржи во завршницата на првенството во Унгарија.

Николов и Муслиу не беа стартери за МОЛ Фехервар, играчот за врска влезе во игра во 70. минута, додека Муслиу играше само во завршните минути кога домаќините ја бранеа минималната предност.

Стрелец на единствениот гол од пенал бил ветеранот Роланд Јухач, за кого ова беше последен натпревар пред да замине во пензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни