Поврзете се со нас

Репрезентација

Николов: Чест е да се биде дел од репрезентацијата, имаме една цел против Естонија и Италија

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија ги започна подготовките за „балонот“ во Талин каде не очекуваат дуели со Италија и Естонија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Тие средби се закажани за 28 и 30 ноември, а на истите според бекот на МЗТ Скопје, Кристијан Николов можат да се забележат позитивни резултати.

-Ова за мене е чест, да се биде дел од националниот тим на Македонија е чест. Пред сè, секогаш се радувам кога сум во дресот на Македонија. Во овој циклус одиме подмладени. Има некои нови дечки, таленти, ќе дадеме се од себе. Немаме никаков притисок, одиме со бистри глави и знам дека ќе излеземе на теренот со желба за најпозитивен резултат. Ќе се бориме на секој дел од теренот, и дека ќе го оствариме она за кое сме тука.

-Секако во Талин одиме на победи. И против Естонија и против Италија, тоа е наша цел, тоа е репрезентација на Македонија. Ќе дадеме се од себе за да успееме, верувам во тоа, зошто да не?-порача Николов.

Дел од националниот тим е и членот на ТФТ, Андреј Митревски кој се радува што е дел од избраните од страна на Тодоров.

-Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во животот. Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа морам и да ја искористам.

-Го одработуваме првиот тренинг, и навистина сум многу сум возбуден. Искрено е надевам дека ќе дадам се до себе на тренинзите па ќе видиме што ќе направиме понатаму, -истакна Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни