Поврзете се со нас

Одбојка

Николиќ го објави списокот на играчи на кои ќе смета за ЕП

Објавено

на

Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува настап на Европското првенство, настан на кој ќе бидеме предводени од новиот селектор Душко Николиќ кој како што е познато го наследи Никола Матијашевиќ.

Николиќ се одлучи за список од 24 одбојкари од кои четворица имаат статус на резерви. Имињата се добро познати со тоа што имаме некои повратниците во националниот тим-тоа се Марјан Урдов и Марко Јуниор Стошиќ.

За неколку дена репрезентацијата ќе ги започне подготовките и тоа во Маврово, потоа ќе следи фазата со одигрување пријателски натпревари, а меѓу нив и оние на традиционалниот турнир „Чајка“.

Македонија на ЕП ќе се соочи со Финска, Холандија, Русија, Шпанија и Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни