Никола воодушевен од Пандев: Никој не треба да го претставува Горан!

ITALY SOCCER SERIE A

Џенова вчера стигна до многу важна победа на домашен терен против Калјари благодарение на Горан Пандев, откако капитенот на македонската фудбалска репрезентација постигна погодок непосредно по влегувањето во игра пред крајот на првото полувреме.

Искусниот Гоче доби шанса од клупата и го замени повредениот Гиљоне, а со оглед на тоа што имаше експресно влијание на резултатот, на крајот се претвори и во голем херој во круцијалните три бода кои ги освои тимот од „Луиџи Ферарис“. Џенова оваа сезона води жестоак битка за опстанок и Пандев по крајот на мечот откри дека го одбил Интер за да се бори заедно со тимот за опстанок во елитата, а од друга страна пак, напорите на нашиот репрезентативец и вреднува и тренерот Давиде Никола кој не штедеше комплименти за големиот професионалец.

– Не треба да ви го претставувам Горан, ниту да давам било каков вовед за него. Не треба да им соопштам на луѓето колку тој е важен за нас. Пандев е извонреден играч, но пред се ме воодушевува како професионалец. Во тимот располагам со шест напаѓачи, и во однос на натпреварите, ќе гледам да ги користам најдобро што треба и што е можно повеќе, – изјави Давиде Никола.

Facebook Коментари