Европски првенства
Никола Митревски со овации пречекан во Дебрецин (Видео)

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Искусниот голман на македонската репрезентација, Никола Митревски се појави во базата во Дебрецин откако доби два негативни теста.
Лажно позитивниот тест направен во Скопје го спречи Митревски да и помогне на репрезентацијата на Македонија во првиот натпревар против Словенија, но сега ќе му биде на располагање на Кире Лазаров за следните натпревари против Црна Гора и Данска.
Митревски денеска пристигна во Унгарија и веднаш се приклучи на репрезентацијата, а видео од неговото појавување во ресторанот беше објавено на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.
Останатите репрезентативци и стручниот штаб со овации го пречекаа голманот кој има одлична сезона во дресот на Порто и со сигурност ќе биде од голема помош во преостанатите натпревари на континенталниот собир.
Инаку, во првото коло Николче Митревски имаше одлична замена во Мартин Томовски кој беше една од најсветлите точки на натпреварот во кој собра вкупно 14 интервенции.
-
АТПпред 15 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 12 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 15 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
НБАпред 13 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Бернардо Силва избра англиски соиграч за кого би сакал да биде Португалец (Видео)
-
НБАпред 14 часа
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Реал Мадрид потврди уште едно засилување за новата сезона