НБА
Никола е лига за себе: Четврти трипл-дабл во низа за Јокиќ, брилијантна партија имаше и ЛеБрон (Видео)

Никола Јокиќ игра во транс откако ја надмина болеста поради која пропушти два натпревари, па така на последните шест меча успеа да запише неверојатни пет трипл-дабл учиноци.
Последните четири му се на четири натпревари во низа и тоа најобро говори во каква форма е Србинот во овој момент, а неговиот блесок против Филаделфија беше повеќе од доволен за преубедлива победа на Денвер над „сиксерси“.
За 30 минути на паркетот, Јокиќ успеа да запише 27 поени, 13 скокови и 10 асистенции, па така одново беше водечка движечка сила на својот тим во триумфот од 144:109.
Стротер со 23 поени беше втор најдобар реализатор во Денвер, додека напаѓачки располжени беа и Браун со 20, како и Гордон и Портер со 19 поени.
Рано утрово, брилијантна партија во победата на својот тим имаше и ЛеБрон Џејмс, бидејќи „кралот“ запиша трипл-дабл во триумфот на „езерџиите“ над Вашингтон со 111:88.
ANOTHER JOKER TRIPLE-DOUBLE 🃏
27 PTS (10-15 FGM)
13 REB
10 AST
4 STLJokić's 4th-STRAIGHT triple-double (19th of season) as the @nuggets win 7 of the last 8! 📈🏔️ pic.twitter.com/H3g5JlSyiy
— NBA (@NBA) January 22, 2025
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија24 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Лига на шампиони21 час
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија23 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија6 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија19 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
Лига на шампиони6 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)