Поврзете се со нас

Англија

Никол: Ван Дајк е најдобриот стопер во историјата на ПЛ? Тоа е…

Објавено

на

Поранешниот шкотски репрезентативец и легенда на Ливерпул, Стив Никол го искажа својот став на тема Вирџил Ван Дајк и тоа дека тој е најдобриот стопер во историјата на Премиер лигата.

Компани го посочи најдобриот стопер во историјата на Премиер лигата: Звучи чудно, но направи нешто што не беше видено!

Неколку познати имиња во неколку денови испратија комплименти на адреса на Холанѓанецот кој од почетокот на 2018 година ги брани боите на Ливерпул.

Венсан Компани истакна дека Вирџил е број еден дефанзивец во историјата на ПЛ, Серхио Агуеро исто порача дека Холанѓанецот во моментов е најдобриот играч на неговата позиција, а таков став имаше и славниот Италијанец, Франко Барези.

Агуеро објасни зошто Ван Дајк е најдобриот стопер на светот

-Тешко е да се тврди такво нешто, ама јасно е дека тоа луѓето го зборуваат затоа што Ван Дајк денеска игра фудбал. Нема сомнеж дека е врвна класа, ама само две години е на највисоко ниво во Ливерпул и сметам дека е прерано да се кажува дека најдобриот на сите времиња. Рано е за таков нешто, -рече Никол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни