Поврзете се со нас

Англија

Никој не очекуваше толкава пауза: Пеп конечно соопшти добра вест за Халанд

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд заработи повреда на 6-ти декември и тогаш беше најавено дека ќе ги пропушти само празничните натпревари во Премиер лигата, но на крајот испадна дека се работи за посериозен проблем кој го оддалечи од терените цели 2 месеци

Тимот на Пеп Гвардиола успеа да се снајде во изминатите 60 дена и без својот најдобар голгетер кој пропушти точно десет натпревари, а последната пауза испадна навистина добра за „граѓаните“.

Норвежанецот целосно се рехабилитирал од проблемот и ги работи последните тренинзи со полн интензитет, па сега самиот Пеп Гвардиола најави дека тој ќе се врати на мечот со Барнли кој се игра утре на „Итихад“.

– Ерлинг првпат е со нас после долгата пауза и ќе биде селектиран. Кога го имаме целиот тим на располагање, ние сме уште посилни. Ерлинг е важен играч за нас, долго бевме без него.

– Имаме уште еден тренинг до крајот на денот, но утре најверојатно ќе биде со сите нас во тимот, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни