Поврзете се со нас

Лига на нации

Никогаш нема судено во Лигата на нации: Арбитар од Грузија ќе ја дели правдата на дуелот Македонија-Летонија

Објавено

на

Утре не очекува нов тест во Лигата на нации, соочување со Летонија, селекција која минатиот месец ја совладавме во Рига, позитивно сценарио кое сакаме да го видиме и на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Средбата ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот, а интересно истата ќе ја суди арбитар кој досега ја нема делено правдата во Лигата на нации.

Се работи за 33-годишниот Гога Гога Кикачеишвилиод Грузија кој ќе има помош од четворица негови сонародници, додека во ВАР собата главен ќе биде Тамас Богнар од Унгарија.

Инаки Гога Кикачеишвили во актуелнава сезона има судено мечеви во квалификациите за Лигата на шампиони и Конференциската Лига на УЕФА, а беше главен во групната фаза на соочувањето меѓу Гент и Молде во КЛ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни