Никогаш не се обложувај со Џордан: Испил десет пива, па сам го суредил Кливленд (Видео)

djordan

Мајкл Џордан е едно од најголемите имиња во историјата на кошарката и спортот, па затоа секоја приказна за него е посебна и привлекува големо внимание, а токму една така раскажа неговиот другар, НХЛ легендата Џереми Роник.

Роник во гостување на една емисија откри анегдота од 90-тите години на минатиот век кога Џордан беше дел од Чикаго Булс. Џереми во тоа време беше дел од составот на Чикаго Блекхокс и често се дружел во М-Џеј, а една нивна собиранка пред дуелот на „биковите“ со Кливленд Кавалирс засекогаш ќе се памети:

-Во една прилика играв голф и кога врзав неколку победи се спремав да тргнам, ама Мајкл не ми дозволи. Пазете, Булс таа вечер играа со Кливленд, ама тој ме натера да одиграме уште една партија, -истакна Роник и продолжи:

-Цело попладне јас и Мајкл пиевме, се сеќавам испи преку 10 пива и знам дека се пошегував ќе се обложам на Кливленд со оглед на неговата ситуација. Тој тогаш ми рече со сериозен глас. Слушам ме добро, ќе се кладам со тебе дека ќе уфрлам преку 40 поени и оти Чикаго ќе победат со минумум 20 разлика. Му кажав договорено и му пружив рака. Знаете што тој направи? Им даде на Кливленд 52 поени, а Чикаго победи со 26 разлика, -заврши славниот ас.

Со оглед на тоа што поранешниот член на Блекхокс не кажа точно за која години и датум се работи, медиумите сметаат дека тоа е 28 март 1992 кога Мајкл даде 44 кошеви и Чикаго го доби Кливленд со 126:102.

Facebook Коментари