Поврзете се со нас

Англија

Нико заврши во Сити за огромна сума на пари, од трансферот се офајди и Барселона!

Објавено

на

foto: x.com/FCPorto

Нико Гонзалес многумина го гледаа како играч кој може да го наследи Серхио Бускест во Барселона, но откако младиот играч за врска не доби вистинска шанса на „Камп Ноу“, својот фудбалски пат мораше да го бара на друго место.

Дефанзивниот играч за врска се мачеше на почетокот и во Порто каде не успеваше да се наметне во системот на Сержо Консеисао, но сепак напорниот труд вроди со плод со тек на време, па сега му овозможи да го направи трансферот на кариерата.

Порто го купи Нико од Барселона за сума приближна на 10 милиони евра, а сега во завршницата од јануарскиот преоден рок го продаде шпанскиот играч за врска на Манчестер Сити за 60 милиони евра.

Англискиот шампион го потврди трансферот по полноќ и го претстави Нико како последно зимско засилување, од кое дефинитивно ќе се офајди и Барселона.

Иако првично беше пренесено дека Барселона си загарантирала 40 проценти од следната продажба на Нико, овој процент опаднал за двојно поради исплатени средства од страна на Порто, па во дадениот случај, Барса добива 20 проценти од целиот пакет.

Тоа значи дека Барселона од целата зделка ќе инкасира 13 милиони евра, сума која е сосема коректна ако се знае дека беше воопшто неочекувана.

На крајот, Манчестер Сити го затвора зимскиот преоден рок со четири засилувања, бидејќи покрај Нико, тимот на Гвардиола го засилија и Реиш, Хусанов и Мармуш.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни