Лига Европа
Нико Вилијамс ја исфрли Рома од ЛЕ, Лацио со многу мака до билет за четвртфиналето (ВИДЕО)

Атлетико Билбао ја победи Рома со 3-1 и со вкупни 4-3 обезбеди место во четвртфиналето на Лига Европа.
Гостите уште во раната фаза (11 минута) останаа без Хумелс кој заработи директен црвен картон и веднаш стана јасно дека на калчолигашот ќе му биде потребно чудо за да се пласира во наредната рунда затоа што „Сан Мамес“ е терен каде паѓале и поголеми екипи од „волчицата“.
Во елемент беше Нико Вилијамс кој постигна два гола, стрелаше и Берчиче, додека почесниот погодок за Рома беше дело на Паредес од пенал во 93 минута. (ОВДЕ погледнете ги головите)
Лацио со доста мака го потврди пласманот меѓу осумте најдобри, односно се спасуваше од пораз против Плзен и со тоа воедно спречи продолженија на „Олимпико“.
Гостите водеа од 52 минута преку Сулц, водство од 1-0 кое беше активно до 77 минута кога Ромањоли со удар со глава некако ја смести топката зад линијата на голманот Једлицка. (ТУКА погледнете ги головите)
Олимпијакос оствари пирова победа над Бодо до 2-1, додека Ајнтрајт во Франкфурт го разби Ајакс со 4-1.
-
Англија12 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Свет17 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија18 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија17 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Балкан5 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Англија15 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет15 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)