Поврзете се со нас

Италија

Нико Паз импресионираше со мајсторска завршница, Ретеги стави крај на лошата серија на Аталанта (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Комо заигра далеку подобро со новите засилувања кои ги доби во јануари и повторно презентираше атрактивен фудбал, но иако заслужи многу повеќе од пораз, на крајот мораше да се помири со неуспех.

Тимот на Сеск Фабрегас поведе на денешниот натпревар против Аталанта со мајсторски гол на разиграниот Нико Паз, па иако домаќините понудија далеку повеќе од гостинот од Бергамо, на крајот пресуди неискуството.

Аталанта профитираше максимално на натпревар на кој беше во подредена улога, а играч на натпреварот за тимот на Гасперини беше Ретеги.

Напаѓачот двапати мајсторски реагираше во две идеални ситуации за него, па во манир на голем голгетер ги заврши акциите за пресврт на Аталанта.

Со оваа победа од 1:2, Аталанта ја прекина лошата серија од четири меча без победа, па така „Ла Деа“ повторно се одлепи од Лацио и дојде на само минус еден од Интер.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни