Италија
Нико Паз го рекреираше незаборавниот дриблинг на Бергкамп и ја воодушеви цела Италија (Видео)

Реал Мадрид будно го следи прогресот на Нико Паз во Комо и само прашање на време е кога ќе го врати во своите редови, односно водечките луѓе се двоумат дали да го вратат претстојново лето, или да го остават уште една сезона во тимот на Сеск Фабрегас.
Талентираниот Аргентинец прераснува во голема ѕвезда во Серија А и денеска понуди неколку магии од својот богат репертоар, па покрај асистенција за победа над Наполи, презентираше и еден технички квалитет каков што ретко се гледа во модерниот фудбал.
Нико потсети на старата фудбалска школа и го рекреираше незаборавниот дриблинг на Денис Бергкамп, па иако тоа го направи на средината на теренот, тоа беше доволно за да прерасне во вистински хит на социјалните мрежи.
Легендарниот Бергкамп продаде ваков дриблинг на натпервар против Њукасл пред 25 години, а затоа оваа мајсторија на Нико Паз предизвика емоции и кај повозрасните носталгични фанови.
Инаку, Комо денеска славеше на домашен терен со 2:1 и му нанесе незгоден пораз на Наполи, натпревар на кој Паз ја имаше асистенцијата за победничкиот гол.
Магијата погледнете ја ТУКА
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)