Поврзете се со нас

Франција

Нико Ковач во нова тренерска авантура, ќе го вади клубот од Кнежевството

Објавено

на

Хрватскиот стратег, Нико Ковач се враќа во тренерската работа откако доби отказ од Баерн Минхен во текот на сезоната што измина.

Ковач се договори со тимот на Монако чиј тренер треба да биде во следните три години.

Пред да го објави доаѓањето на Ковач, од Монако посочија дека спогодбено е раскината соработката со Роберт Морено кој не успеа да го извади клубот од резултатската криза која го тресе две години.

Поранешниот стратег на Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен е посочен како иделано решение за францускиот клуб кој најавува ново поглавје за следната сезона.

– Среќни сме да му посакаме добредојде на Нико Ковач во клубот. Оваа сезона се отвара ново поглавје во Монако со силна спортска ориентација и јасни цели на клубот.

– Овој пат ќе го трасира одличен тренер како Нико. Тој е препознаен за неговата работа во неколку клубови и е еден од тренерите кои верува во младите таленти, -изјави меѓу другото потпретседателот на клубот, Олег Петров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни