Поврзете се со нас

Италија

Нико Гонзалес промаши зицер и најави уште едно разочарувачко реми на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/juventusfc

Јувентус повторно одигра неубедлив натпревар и ги разочара своите фанови со ремито без голови против Бриж и веројатно ќе мора да се задоволи само со пласман во плејофот за нокаут фазата во Лигата на шампионите.

„Бјанконерите“ не ја повторија играта од дербито со Милан и во Белгија имаа многу малку опасни обиди пред противничкиот гол, со што на крајот стигнаа до уште едно од многуте ремија сезонава.

Нико Гонзалес беше прв избор на Тиаго Мота за централната позиција во нападот на Јуве, но Аргентинецот не само што реализираше, туку во една ситуација успеа и пристојно да се посрамоти.

Одличната асистенција на Мбангула остана неискористена откако Гонзалес се сплетка во ситуација кога требаше само да погоди од зицер позиција, а меѓу фановите на торинскиот клуб преовладува впечатокот дека потегот на Нико е најдобар опис за актуелната сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни