Поврзете се со нас

НБА

Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)

Објавено

на

Во НБА лигата одново не се одиграа неколку натпревари поради позитивни случаи на КОВИД-19 во клубовите, односно фактот што екипите немаат доволно играчи за настап на истите.

Последната средба која се одложи беше меѓу Минесота Тимбервулвс и Мемфис Гризлис по што се огласи првата ѕвезда на „волците“, Карл-Ентони Таунс кој соопшти дека имал позитивен тест на коронавирусот. Со ова се врати кошмарот, лошиот период за Таунс кој во изминативе месеци, година токму од КОВИД-19 ја захуби својата мајка и дури шест блиски членови на семејството.

Пораи ова тој испрати една емотивна порака за борба против вирусот, но и до неговото семејство, најмилите дека ќе излезе како победник од оваа битка, односно нема да заврши како неговите роднини.

-Се молам секој ден да се повлече овој кошмар од вирус и ги молам сите да продолжат да го сфаќаат сериозно преземајќи ги сите потребни мерки на претпазливост. Ми се кине срцето што моето семејство, а особено татко ми и сестра ми кои продолжуваат да страдаат од анксиозност што доаѓа заедно со оваа дијагноза, бидејќи премногу добро знаеме каков може да биде крајниот резултат.

-На мојот вник и внука, ви ветувам дека нема да завршам во ковчегот крај нивната баба, ова ќе го победам, -вели центарот во неговото обраќање.

Ѕвездата на Минесота се отвори по тешкиот период: Тој Карл што го знаевте умре на 13 април, никогаш повеќе нeма да се врати!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни