Поврзете се со нас

Германија

Никако да „запалат“: „Баварците“ повторно останаа без победа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayernEN

Баерн Минхен и понатаму останува без победа во новата календарска година, а најновиот тим кој му оддолеа на шампионот е Ајнтрахт Франкфурт.

Средбата на „Алијанц Арена“ заврши без победник 1-1 што за Баернн беше трета средба во низа на која освојува по бод со овој идентичен резултат. Прво ремизираше со РБ Лајпциг, потоа се спаси со Келн благодарение на голот на Кимих, додека пак вечерва иако водеше, му дозволи да противникот непоразен да го напушти Минхен.

Имено Сане донесе предност за фаворитот во 34 минута, меѓутоа во вториот дел Камада му даде топка на Коло Муани кој истата ја смести зад голманот Зомер.

Баерн останува прв со 37 бода, ама сега има само еден повеќе од Униот Берлин, два од Лајпциг и три од Фрајбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни