Поврзете се со нас

АТП

Никако да се појави во Мелбурн: Ѓоковиќ повторно го откажа тренингот

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ утре треба да го има првиот испит на Австралија Опен, меѓутоа по се изгледа Србинот се соочува со одреден проблем затоа што одново го откажа тренингот.

Тој не тренираше ниту вчера што од аспект на тениските фанови е загрижувачки со оглед на тоа што сите сакаат да го видат Новак на теренот во Мелбурн. Големиот шампион ја скока секојдневната рутина, а причината за тоа најверојатно е задната ложа на левата нога која го мачи уште од турнирот во Аделејд, турнир на кој успеа да триумфира.

Само да посетиме Ноле имаше еден меч по Аделејд и тоа оној егзебициски против Ник Кирјос, ас кој денеска реши да се повлече од АО поради повреда на коленото.

Српскиот ас е деветкратен шампион во Мелбурн, во првото коло за противник го има Роберто Карбалјес Баена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни