Поврзете се со нас

АТП

Ник стави крај на голготата: Кирјос се израдува после 895 дена и оствари прва победа на АТП турот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Ник Кирјос мина низ вистинска голгота во изминатите две и пол години во кои се бореше со тешка повреда на зглобот, а откако фановите се посомневаа дека можеби никогаш повеќе нема да фати рекет по испаѓањето на Индијан Велс, нависитна позитивно беше тоа што го видовме Австралиецот пријавен за Мајами.

Кирјос не го криеше разочарувањето поради тоа што мораше да предаде поради болки во зглобот, но сега во првата рунда во Мајами се прикажа во најдобро светло и после 895 денови ја оствари првата победа на АТП турот.

Ник мораше да прави пресврт против Мекензи МекДоналд за да се пласира во втората рунда, а поважно од победата за него е тоа што овојпат не чувствуваше никакви проблеми на теренот.

Откако го загуби првиот сет со 6:3, Кирјос возврати со иста мера во вториот, додека во третиот беше за нијанса подобар и ја потврди победата со 6:4.

После многу тешки минати моменти и после девет порази во низа, Кирјос конечно ја почувствува сласта на победата, па сега во второто коло во Мајами ќе игра против Карен Хачанов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни