Поврзете се со нас

АТП

Ник не одолеа: Кирјос излезе на теренот и го имитираше ритуалот на Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

По поразот од Доминик Тим во третото коло, Ник Кирјос денеска имаше уште една задача на Австралија Опен, односно беше дел од мечот во двојки кој го играше заедно со Кокинакис против Кулхоф и Кубот.

Кирјос и Кокинакис кои добија вајлд-карта за овој турнир претрпеа очекуван пораз од четвртите носители, но сепак во фокусот се најдоа двајцата домашни тенисери.

Дефинитивно, огромно внимание привлече Ник Кирјос кој го имитираше Србинот при излегување на теренот, или поточно, го имитираше неговиот стандарден ритуал за прославување на победите.

– Сигурен сум дека Новак воопшто не ме сака. И двајцата се респектираме кога треба, но и јас не го сакам него воопшто. Сето ова за мене е забавно, – изјави Кирјос кој минатата година го имитираше и Рафаел Надал во мечот со Симон.

За разлика од Кирјос, Кокинакис се истакна со изјавата дека не верува во повредата на Ѓоковиќ, кој во овој момент игра против Раониќ за влез во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни