Поврзете се со нас

Свет

Нигеријците ослободија фудбалер поради повреда, тој вчера настапил за Реал Сосиедад

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RealSociedad

Нигерија остана без Умар Садик за Африканскиот куп на нации, но селекторот Жозе Пешеиро вчера реагирал на неочекуваната информација од Шпанија.

Напаѓачот влегол во 73. минута на натпреварот меѓу Осасуна и Реал Сосиедад од шпанскиот Куп, па нигериските фанови останале зачудени како „повредениот“ Садик можел да настапи на овој дуел, ако беше ослободен од настапот на Африканскиот куп со очекувана пауза од неколку недели.

– И јас сум збунет како вас.

– Што да ви кажам, го видов лекарскиот извештај во кој пишуваше дека нема да биде во конкуренција за настап најмалку 15 дена, па дури и подолго.

– Клубот го виде извештајот и ни посочија дека мора да го ослободиме, драго ми е што се рехабилитирал, но истовремено жалам што не може да ни помогне овде, – рекол Пешеиро.

Нигерија освои само бод во првото коло против Мозамбик, а вечерва игра дерби против домаќинот Брегот на Слоновата коска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни