Поврзете се со нас

Олимписки игри

Нигеријците ја истролаа ѕвездата на САД по триумфот во Лас Вегас (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Нигерија направи големо изненадуавње и славеше над Соединетите Американски Држави на подготвителниот меч за ЛОИ кој се одржа во Лас Вагес.

Нигерија со историска победа над Дрим-тимот, Попович не штедеше комплименти за ривалот

Избраниците на Мајк Браун одиграа одличен меч и победија со 90-87 со што испишаа историја, станаа првата африканска репрезентација која успеала да слави над САД. Овој позитивен момент, славје дефинитивно знаеја како да го искористат Нигеријците кои го истролаа противничкиот играч Бем Адебајо.

Членот на Мајами Хит имаше можност да игра за Нигерија, ама тој на крајот се одлучи да игра за државата во која е роден.

Нигеријците се решија да го потсетат Адебајо на тој факт, а тој го прифати тоа и испрати кратка, ама јасна порака.

-Почит до татковината, -напиша Бем со неколку емотикони.

-Само љубов Бем. Ние понатаму сме горди на тебе. Продолжи да бидеш голем, -пак одговорија од нигериската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни