Поврзете се со нас

НБА

Нигерија со историска победа над Дрим-тимот, Попович не штедеше комплименти за ривалот

Објавено

на

Новиот американски дрим-тим ги започна подготовките за Олимписките игри и неочекувано загуби од Нигерија (90:87).

Ова е историски пораз за Американците, бидејќи досега немаа загубено од африканска селекција, а важеа за големи фаворити и на овој дуел во Лас Вегас.

Нигеријците не се наивен противник бидејќи во својата прва петорка имаат четири НБА играчи, ги води НБА тренерот Мајк Браун, а тоа го покажаа и со одличната игра во вториот дел од средбата, во кој го контролираа резултатот и заслужено стигнаа до победата.

Најдобар поединец кај победникот бил Гејб Винсент со 21 поен, додека во новиот дрим-тим Кевин Дурент реализирал 17 поени.

Американскиот селектор Грег Попович по натпреварот инсистирал на тоа дека актуелната Нигерија не треба да се споредува со претходните генерации и не е изненадување што го добиле овој пријателски дуел.

– Нигеријците се талентирана екипа, не се собрани од улица. Секоја година ваквите селекции имаат по 2-3 нови НБА играчи, а Браун завршил одлична работа. Ние тренираме само четири дена, а тие се заедно две-три недели, за нас поразот доаѓа во одличен момент.

– Ова не е крај на светот, треба да научиме од овој пораз, – изјавил Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни