Поврзете се со нас

Свет

Нигерија остана без селекторот кој ја одведе до финалето на Африканскиот куп на нации

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/NGSuperEagles

Нигериската фудбалска репрезентација стигна до финалето на последното издание на Африканскиот куп на нации, а селекторот Жозе Пешеиро решил да ја напушти функцијата.

Солидниот настап и успех на „супер орлите“ не беше доволен за продолжување на соработката меѓу двете страни, а самиот Пешеиро потврдил дека не го продолжил договорот со федерацијата на африканската земја.

Пешеиро беше назначен на функцијата во 2021 година, но постојано имаше проблеми со федерацијата, прифаќајќи и намалување на платата само да ја води Нигерија на АФКОН во Брегот на Слоновата Коска.

Федерацијата повторно истакна дека е во финансиска криза, па не е изненадување што 63-годишниот стручњак решил да побара предизвик на друго место.

Пешеиро претходно ги водеше Порто, Ал Ахли, Венецуела и Саудиска Арабија. Со Нигерија загуби во финалето на АФКОН од домашната репрезентација на Брегот на Слоновата Коска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни