Поврзете се со нас

Франција

Ница го потврди ангажманот на Каспер Шмајхел

Објавено

на

Помалку неочекувано, искусниот голман на Лестер, Каспер Шмајхел ја промени средината и во новата сезона ќе игра за тимот на Ница.

Данскиот репрезентативен чувар на мрежата по 11 години си замина од Лестер и потпиша тригодишен договор со францускиот тим.

Интересно е тоа што Шмајхел во Ница доаѓа за симболична трансфер оштета од околу еден милион фунти, сума која Лестер морал да ја прифати по барање на самиот играч.

„Лисиците“ се уште не пронашле адекватна замена за искусниот голман, па новата сезона во Премиер лигата која почнува овој викенд ќе ја стартува со искусниот Дени Ворд.

Инаку Шмајхел е второ звучно име кое во краток период пристигнува во Ница откако претходно беше ангажиран и Арон Ремзи кој како слободен фудбалер се пресели во францускиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни