Ница го избрка талентот кој украде часовник од 70.000 евра

Lamine Diaby Fadiga

Ница изминатиов период се најде во центарот на вниманието на јавноста не поради резултатите, играта, некој погодок, асистенција… туку поради фактот што на напаѓачот Каспер Долберг му беше украден часовникот вреден 70.000 евра и тоа во соблекувалната.

Долберг уште од самиот старт тврдеше дека тоа го направил некој од соиграчите, веројатно член на младинските селекции на клубот што на крај се покажа како точно, бидејќи се работеше за таленитанирот Ламине Дијаби Фадига. 18-годишниот Фадига признал дека тоа го направил, па клубот реагираше и го раскина договорот со него иако тој важи за еден од најдежните играчи во Франција.

Според информаците Ламине веќе е на добар пат веднаш да пронајде клуб, тоа е Париц ФЦ кој неодамна го ангажираше Џереми Менез.

 

Facebook Коментари