Франција
Ница го ископира голманскиот проблем на ПСЖ

Францускиот прволигаш Ница има двајца квалитетни голмани во првиот тим, па тренерот Лусијан Фавр се најде во слична ситуација како неговите колеги од ПСЖ.
Договорот на Марсин Булка беше откупен од ПСЖ со ветување за младиот голман дека ќе биде прв избор на Ница во текот на сезоната, но клубот направи неочекуван потег со ангажманот на ветеранот Каспер Шмајхел.
35-годишниот ветеран пристигна од Лестер и ја искомплицира ситуацијата, имајќи го предвид и притисокот од неговиот менаџерски тим да добива минутажа.
Шмајхел засега има девет настапи во француското првенство и Конференциската лига, додека Булка има само три настапи, што предизвикува незадоволство кај младиот голман, нешто што го призна и тренерот.
– Секако не е лесно да се менаџира ваква ситуација. Добро е што имаме два квалитетни голмани, а на крајот одлуката кој ќе настапи е моја. Очекувано е дека тој што не игра е незадоволен, – изјавил Фавр.
Проблемот на Ница е сличен на тој кој го има ПСЖ, во чии редови ривали се Донарума и Навас, при што вториот сакаше да замине од Париз во текот на летото.
-
АТПпред 22 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Италијапред 21 час
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
Светпред 16 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 23 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 20 часа
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок