Поврзете се со нас

Италија

Ни Суарез, ни Џеко, во Јувентус стигнува изненадувачко засилување од нападот

Објавено

на

Изминатиов период доста се шпекулираше за нов фудбалер кој ќе го предводи нападот на тимот на Јувентус.

Откако стана јасно дека Гонзало Игуаин нема да биде во Торино и следната сезона од таборот на Јувентус влегоа во потрага по нов напаѓач кој ќе го замени искусниот Аргентинец.

Прва опција беше Един Џеко, а додека се преговараше со Босанецот се појави нова можност и ангажман на Луис Суарез.

Сепак, како што стојат работите и двајцата нема да реализираат трансфер во Јувентус затоа што актуелниот италијански шампион веќе има нова трансфер мета со која е во завршни преговори.

Како што пишува Џанлука Ди Марцо, нов напаѓач на Јувентус би требало да биде искусниот фудбалер на Челси, Оливие Жиру.

Французинот минатиот јануари го продолжи договорот со Челси, но откако Лампард му го донесе Тимо Вернер, му стана јасно дека повторно нема да биде прв избор оваа сезона.

Токму затоа Жиру договорил двегодишна соработка со Јувентус според која ќе заработува по 4.5 милиони евра по сезона, а Челси за да го ослободи од договорот ќе добие пет милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни