Поврзете се со нас

Италија

Ни Фиорентина не застана на патот на Милан, „росонерите“ и без Ибра до трите бода (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Милан продолжија со одличните резултати во Серија А и овој пат ја совладаа Фиорентина со 2:0.

Со оваа победа до која стигнаа со головите на Ромањоли и Кеси „росонерите“ останаа на врвот на табелата во Серија А .

Милан на овој натпревар играше без Златан Ибрахимовиќ и Исмаел Бенансер, двајца од клучните фудбалери на тимот предводен од Стефано Пиоли, но и покрај тоа стигнаа до доста важна победа.

Кеси беше во главна улога затоа што беше асистент на првиот погодок на Ромањоли, а потоа сам од пенал ја затресе мрежата на Фиорентина. Пред крајот на првиот дел Кеси пропушти да постигне уште еден погодок затоа што не реализираше нов удар од 11 метри.

Во вториот дел двата тима имаа неколку шанси, но не дојде до промена на резултатот, па Милан ги задржа трите бода на „Сан Сиро“.

Во останатиот натпревар кој се играше во истиот термин Болоња со минимални 1:0 славеше против Кротоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни