НХЛ аналитичар спаси жива глава: Пакот заврши надвор од теренот, милиметри го делеа од нокаут и лузна за цел живот (Видео)

pierre mcguire

Во НХЛ лигата рано утрово се одиграа пет натпревари, а еден од нив беше меѓу Колумбус и Тампа Беј кој им припадна на гостите со убедливи 5-1.

Меѓутоа резултатот остана во втор план, а причината за тоа е еден момент кој можеше да донесе големи последици за аналитичарот Пјер Меквајер. Меквајер одблиску ги следи возбудувањата и се наоѓаше меѓу двете клупи, но само малку фалеше да добие удар кој дефинитивно ќе го паметеше целиот свој живот.

Пакот летна високи и заврши само неколку сантиметри крај неговата глава и удри директно во камерата. Тој доцна реагираше и навистина малку фалеше да добие удар и претрпи голема бола, ама за среќа се се заврши како што треба, па денеска оваа снимка само врти низ светките медиуми и социјалните мрежи.

Facebook Коментари