Меѓународни настани
НФЛ тимот Вашингтон се поблиску до менување на името

Членот на НФЛ, професионалната лига во американски фудбал, Вашингтон Редскинс е под голем притисок да го промени името, со оглед на навредливиот тоналитет на сметка на американските староседелци.
Главните спонзори предводени од „Федекс“ повторно ја разгледуваат опцијата за исфрлување на името Редскинс, а темата се актуелизираше поради засилената борба против расизмот која се интезивираше по убиството на Џорџ Флојд.
„Федекс“ ги има откупено правата за името на стадионот на Вашингтон до 2025 година, а сопственикот на компанијата е и акционер во клубот, па со поддршката на другите спонзори, се обидува да најде решение за овој проблем кој со години наназад му носи негативен публицитет на составот од американската престолнина.
Уште пред шест години, индијанското племе Онеида побара исфрлување на Редскинс од франшизата, но тогаш не беше донесена таква одлука, но сега притисокот е зголемен, а компанијата „Најки“ дури ги исфрлила артиклите на Редскинс од својата онлајн продажба.
Останува клубот да реши како ќе се „ребрендира“, бидејќи очигледно е дека името Редскинс нема да биде уште долго дел од НФЛ „речникот“.

- АТПпред 24 часа
Надал: Неверојатно е што правеше Медеведев против Ѓоковиќ, тоа е неприфатливо!
- Шпанијапред 23 часа
Тони Крос: Јас речиси никогаш не сум повреден, навистина не знам што прават соиграчите…..
- Англијапред 23 часа
Тухел си ја призна грешката и го испофали својот херој: Тој тренира како да има 15 години помалку!
- НБАпред 23 часа
Дончиќ и Марјановиќ заиграа оро на паркетот, Американците се прснаа од смеа (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Иниеста за својот наследник во Барселона: Тој е поразличен од сите други
- Англијапред 19 часа
Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!
- НБАпред 21 час
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта
- Англијапред 17 часа
Солскјер уште еднаш јавно проговори за Халанд: Нормално е да сум во контакт со него