Поврзете се со нас

Меѓународни настани

НФЛ тимот од Вашингтон конечно доби ново име

Објавено

на

Претставникот на Вашингтон во НФЛ конечно го официјализираше новото име на франшизата, со што го потврди заминувањето на „Редскинс“ во историјата.

Во иднина Вашингтон ќе бидат Командерс, со што е ставен крај на двегодишниот период во кој клубот беше претставуван како Вашингтон футбол тим.

По големиот притисок од јавноста и спонзорите, Вашингтон во јули 2020 година го исфрли од употреба името Редскинс, кое е протолкувано како навредливо за домородното население на американскиот континент.

Клубот е формиран од Џорџ Престон Маршал, бизнисмен кој се залагал за расна поделба, а Вашингтон бил последниот клуб кој дозволил во него да настапуваат црни играчи.

Локалната јавност и претставниците на здруженијата за заштита на домородното население одамна сметаа дека името Редскинс е расистичко, но клубот реши да го промени дури по притисокот на големите спонзори кои инвестираат милионски суми секоја година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни