Поврзете се со нас

Меѓународни настани

НФЛ останува без својот симбол: Брејди заминува во пензија со рекордни седум титули

Објавено

на

Следната сезона во НФЛ ќе биде прва во ерата по Том Брејди.

Ова ексклузивно го објавија неколку американски новинари, кои вечерва најавија дека Брејди донел одлука да ја заврши својата неверојатна кариера.

По 22 години во НФЛ и голем дел од нив како прва ѕвезда на лигата, Брејди донел одлука за заслужена пензија, во која заминува со неверојатни седум шампионски прстени.

Легендарниот квотербек ќе ја заврши кариерата како играч на Тампа Беј и сопственик на голем број рекорди, кои веројатно долго ќе останат како предизвик за следните генерации во американскиот професионален фудбал.

Брејди најголем дел од кариерата ја мина како лидер на Њу Ингланд, а во 2020 година се пресели во Тампа Беј, екипата со која ја освои и последната Супер-Боул титула.

Сезонава неговиот тим беше елиминиран од Лос Анџелес Рамс и нема да може да се бори за нова титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни