Поврзете се со нас

Атлетика

НФЛ играч истрча респектабилно време во обид за олимписка норма на 100 метри (Видео)

Објавено

на

Ди-Кеј Меткалф е голема ѕвезда во НФЛ благодарение на својата неверојатна брзина, која сега реши да ја тестира и на официјален атлетски натпревар.

Членот на Сиетл Сихоукс важи за еден од најбрзите ресивери и играчи во НФЛ, а сега настапи на натпревар на кој се обиде да обезбеди олимписка норма во дисциплината 100 метри.

Меткалф го освоил 9. место во својата група, но постигна респектабилно време од 10,37 секунди, посебно што се работи за спортист кој е тежок околу 100 килограми. За настап во Токио, Меткалф требаше да истрча 100 метри за 10,05 секунди или побрзо.

Најбрз меѓу сите кои настапиле во дисциплината бил Кревон Гилеспи со време од 9,96 секунди.

– За мене беше привилегија само да ја тестирам мојата брзина против атлетичари од светска класа. За нив ова е секојдневие, ова е многу поразлично од фудбалската брзина, – изјавил Меткалф по настапот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни