Поврзете се со нас

Меѓународни настани

НФЛ ги исфрли чирлидерките и маскотите од натпреварите

Објавено

на

Раководството на НФЛ лигата и асоцијацијата на играчите постигнаа договор за протоколот со кој ќе се игра новата сезона, а тоа значи и жртвување на дел од шоуто во професионалната лига во американски фудбал.

Поради поголема заштита од коронавирусот, во сезоната 2020 во НФЛ ќе бидат забранети чирлидерките и маскотите на екипите на теренот, исто како и репортерите кои известуваат од теренот.

Играчите и членовите на екипите кои седат на клупите ќе мора да носат заштитни маски, а забрането е и потпишување автограми по натпреварите.

Иако играчите се потсмеваа со најавата дека ќе биде забрането разменување дресови со противнички играчи, во официјалната одлука останува истата сугестија, но индиректно објаснета.

На НФЛ ѕвездите не им логично да се борат и имаат контакт со некого 50-60 минути, а потоа да им биде забрането да имаат кратка комуникација и размена на дресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни