Поврзете се со нас

Евролига

Незапирливиот Фенербахче дојде до 9. победа во низа, Басконија го понижи Реал во Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

Фенербахче е најдобриот тим во Евролигата во овој момент, а за тоа говори формата и деветтата победа во низа која ја оствари клубот од Истанбул.

Најновата нивна жртва беше рускиот претставник Зенит кој падна во Турција со 92-84. Ова беше незвесна битка во која домаќините новиот триумф го потврдија во последниот период кој го реализираа со 26-19.

Де Коло со 24 поени и 7 асистенции беше прво име, Гудуриќ додаде 19 кошеви, додека на 16 застана центарот Весели. Кај Зенит во прв план беше Томас со 21 поен и 6 скокови.

Реал Мадрид пак претрпе тежок пораз во шпанската пресметка против Басконија. „Кралевите“ беа понижени на домашен терен со 20 разлика или поточно со резултат 84-64.

Полонара со 18 и Питерс со 16 поени беа најефикасни кај победникот, единствен двоцифрен кај Реал беше Абалде со 12 кошеви.

Останати резултати:

Олимпијакос-Панатинаикос 77-88

Баерн-Алба 101-95 (по прод.)

Асвел-Милано 78-69

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни