Незаменливиот „воин“ на Чоло му испрати порака на Гризман: Можеш да играш и натаму со нас, но само во еден случај

koke-grizi

Антоан Гризман самиот призна дека ќе мора да донесе одлука за својата иднина пред почетокот на Мундијалот во Русија на кој ќе атакува на титулата со својата Франција, а предвидувањата се дека напаѓачот на „петлите“ конечно ќе одлучи да направи промена во својата кариера, односно ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Гризман вчера доби порака од Диего Коста дека не може да го остави сам во нападот откако претходно тој му се јавувал да го напушти Челси и да му се приклучи во Атлетико, а денеска се огласи и детето од младинската школа на Атлетико кое денеска е лидер во средниот ред на Чоло Симеоне, Коке Ресурексион.

Шпанскиот репрезентативец е незаменлив во средниот ред на Атлетико и тој е вистински „воин“ на средниот ред каков што ужива да има аргентинскиот стручњак, а сега напомена дека Гризман ќе може да остане да игра за тимот, но само ако биде посветен со главата само кон тимот.

– Ако Гризман сака да игра со нас, ќе може да го прави тоа само во еден случај. За да играте во Атлетико Мадрид, мора да бидете максимално посветени на тимот. Што се однесува до мене, јас сакам да ја завршам кариерата во Атлетико. Јас сум фан плус на тимот и сакам цел живот да го минам тука, – вели Коке.

Facebook Коментари