Поврзете се со нас

Англија

Незаменливиот стартер во тимот на Саутгејт: Ако го направев тоа што го направи Џуд, ќе си го скршев грбот

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џуд Белингам постигна страшен гол со „ножички“ во 95-та минута и спречи голем срам за Англија, но и за селекторот Герет Саутгејт кој секако е под голем притисок од јавноста.

Ѕвездата на Реал Мадрид со вонсериски потег ги потопи Словаците и го однесе мечот во дополнителни 30 минути игра, а таму Англичаните брзо стигнаа до втор гол, а подоцна и до победа.

Иако голот за победа го постигна Хари Кејн, јасно е дека клучен момент беше оној во 95-та минута, па и соиграчите најмногу признание му оддадоа на Џуд.

Хари Кејн не штедеше комплименти и порача дека Белингам е најдобриот англиски играч во историјата, додека Деклан Рајс вели дека тој ќе завршел со скршен грб, доколку се обидел да го изведе истото.

– Вокер постојано ни викаше и бараше да продолжиме да веруваме. На крајот, се обидувавме со долги аути, се обидувавме да предизвикаме хаос. Немаше да постигнеме гол ако не побаравме од Џуд да остане во шеснаесетникот. На крајот остана слободен и постигна неверојатен гол. Ако јас се обидеев да го направам тоа, ќе си го скршев грбот. Но, тој ја смести топката зад грбот на противничкиот голман, – изјави Рајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни