Поврзете се со нас

Лига на нации

Незадржливиот Халанд ги потопи Швеѓаните во скандинавското дерби (Видео)

Објавено

на

Норвешка останува прва во групата 4 во Лигата Б во Лигата на нации, откако денеска во скандинавското дерби забележа втора победа над Шведска.

Ерлинг Халанд беше нерешлива енигма за шведските фудбалери, заедно со својот колега Сорлот кој изнуди пенал, а беше стрелец на еден од трите гола.

Овој двоец на Норвешка всушност направи се што беше потребно пред противничкиот шеснаесетник, бидејќи Ерлинг го заврши мечот со два гола и една асистенција.

Норвежаните со победата од 3:2 стигнаа до трета победа на четири меча, па со 10 бода ќе влезат како првопласирани пред Србија во септемврискиот циклус.

Од почетокот на својата кариера, за Халанд ова беше 20-ти погодок на 21-от настап за Норвешка, што доволно говори за каква гол-машина станува збор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни