Поврзете се со нас

Англија

Незадоволство на „Стемфорд Бриџ“: Играчите жалат што потпишале долгогодишни договори со Челси…

Објавено

на

foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси тргна во нов правец по заминувањето на Роман Абрамович, па за многу кратко време беа потрошени огромни финансиски средства, пари за засилувања.

„Сините“ инвестираа над милијарда фунти на нови лица, нови имиња во клубот меѓутоа тие инвестиции засега не се оправдани ако се погледнат резултатите на екипа. Ниту аргентинскиот стратег, Маурисио Покетино не успева да го извади најдоброто од екипата, поточно единствената светла точка е изданието во Лига Купот каде групата може да дојде до трофеј меѓутоа ако до добие Ливерпул во финалето на „Вембли“.

Проблеми има, постојат и според „Атлетик“ играчите се незадоволно особено оние кои пристигнаа и потпишаа договори на седум, осум години…Овој медиум пренесува дека дел од играчите жалат што ставиле потпис на долгогодишни договори и веќе не веруваат во проектот на составот од Лондон.

Наводно има „токсична мешавина“ на Стемфорд Бриџ, па визијата за амбициозните сопственици не ја делат оние во соблекувалната. Се говори и за тоа дека се тврди дека косопствениците Тод Боли и Бехдад Егбали не се баш во најпријателски односи иако Челси веќе ги отфрки тие информации.

Поранешниот англиски и европски шампион со 31 бод се наоѓа на 11 место во ПЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни