Поврзете се со нас

Германија

Незадоволство кај член на Баерн: Тренерот постојано бира други играчи

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ја дочека актуелната пауза со незгоден пораз од Аугзбург и многу критики на адреса на стручниот штаб и фудбалерите.

Тренерот Нагелсман очигледно мора нешто да менува, а како дополнителен проблем се појавува и незадоволството од статусот кај дел од фудбалерите.

Баерн го доведе Рајан Гравенберх како важно засилување од Ајакс, но 20-годишниот холандски фудбалер има само пет настапи како резервист и никогаш не бил стартер.

– Ако треба да бидам искрен, разочаран сум од ситуацијата.

– Сакам да играм, а тренерот постојано бира други фудбалери. Тешко е да се прифати реалноста, ми останува да се надевам дека ќе добијам минутажа, – изјавил Холанѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни