Поврзете се со нас

Мото ГП

Незадоволниот Вињалес си замина од Јамаха и отвори едно празно место, Роси брзо излезе со изјава

Објавено

на

Ова утро пристигна официјална потврда за она што се зборуваше цел викенд во Холандија, откако Маверик Вињалес во неколку наврати јавно се пожали од перформансите на својата Јамаха, која смета дека има различни спецификации од онаа на Фабио Квартараро.

Шпанскиот возач имаше катастрофален викенд во Германија пред една седмица и тогаш заврши последен, но иако вчера значително го поправи впечатокот и заврши на подиумот како второпласиран на Асен, денеска пристигна официјална потврда дека нема да го доработи договорот со Јамаха.

Иако двете страни беа обврзани на договор до крајот на 2022-ра година, истиот ќе биде прекинат една година порано поради взаемен договор за такво нешто. Јамаха денеска со официјално соопштение потврди дека Шпанецот си заминува по крајот на оваа сезона, а возачот вети дека ќе го даде својот максимум во овие преостанати месеци.

– Оваа врска меѓу мене и Јамаха беше важна за мојата кариера. Минавме тешки пет години, имаше убави моменти и лоши, а сега нашите патишта се разделуваат. Почитта преовладува меѓу двете страни и затоа ќе го дадам максимумот за да ги оствариме најдобрите резултати до крајот на сезоната, – порача Маверик.

Според пишувањата на медиумите кои редовно ги следат случувањата во мотоциклизмот, Вињалес има преддоговор со Априлија, а се отвора шанса неговото место да го заземе Валентино Роси кој има големи дилеми дали ја ја продолжи кариерата после ужаните резултати во Петронас Јамаха.

– Ситуацијата со Вињалес не влијае на мене. Тоа нема да ја промени мојата одлука, нема да влијае врз неа. Мојата одлука ќе биде донесена со оглед на резултатите. Реков дека најважни ќе бидат резултатите, а досега не сум задоволен од нив. Набрзо ќе мора да пресечам, – изјави Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни