Поврзете се со нас

Свет

Незаборавна епизода од Турција: Мурињо повика 13-годишен фан да му биде помошник на клупата (Видео)

Објавено

на

Жозе Мурињо често знае да предизвика доста реакции со своите зајадливи изјави кои ги дава за ривалите, но исто така доста често знае да биде и вистински миленик меѓу навивачите на клубот чии бои ги брани.

Португалецот е познат како човек кој лесно се приврзува со фановите на сите клубови за кои работеше, па така е и со оние на Фенербахче.

Турскиот великан за време на репрезентативната пауза реши да одигра еден пријателски меч со Зенит, а во победата од 2:1, шоуто го украл млад 13-годишен навивачи.

Младиот Ефе добил специјална покана од Жозе Мурињо да му се придружи на клупата на резерви, па наместо од трибините, да го гледа мечот како негов помошник.

Целата симпатична епизода била снимена од страна на камерманот на клупската телевизија, со што гестот на Мурињо стана достапен и за цела јавност во Турција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни