Поврзете се со нас

АТП

Невозможното стана возможно: Кирјос најави тениски спектакл со Ѓоковиќ во Бризбејн (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/k1ngkyrg1os

Ник Кирјос се враќа на терените после две години и најави дека ќе учествува на Аустралијан Опен, но претходно ќе има неколку подготовки и увертири за првиот тениски грен слем.

Една од попатните станици од Мелбурн ќе биде тенискиот турнир во Бризбејн, а токму за таму ќе биде резервиран тениски спектакл во режија на Кирјос и Ѓоковиќ.

Австралиецот преку социјалните мрежи ги „запали“ тениските фанови со објавата која ја сподели, бидејќи најави дека тој и Ѓоковиќ ќе играат заедно во двојки во Бризбејн.

Ова беше едноставно незамисливо пред неколку години кога Кирјос беше најголем „тениски непријател“ на Србинот, но работите значително се променија по скандалот кој беше предизвикан поради Ковид-панемијата.

Во моментите кога на Ноле му беше најтешко во Австралија, Кирјос беше единствениот кој јавно му даде поддршка, па од тогаш нивниот однос до толку се поправи, што во последно време беа спаринг партнери, а сега ќе заиграат и за првпат заедно на официјален меч во Бризбејн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни