Македонија
Невообичаен епилог: Директните ривали за титулата во мак-футсалот победија со 75:1 и 62:2!

Пред да се влезе во завршната фаза од сезоната во Првата македонска футсал лига, јавноста во нашата земја остана зачудена од резултатите од последното коло, а за тоа се погрижија директните ривали за титулата.
КМФ Проект и КМФ Арбен Бајрами ќе водат жестока битка за трофејот до самиот крај, но очигледно почнаа да прават калкулации и за епилог во кој би се броела гол разликата.
Доказ за тоа се последните резултати кои ги остварија на своите натпревари, а кои дефинитивно се невообичаени и чудни кога е спортската пракса во прашање за натпреварување од највисок ранг.
КМФ Проект како гостин победил кај Енхалон со резултат 62:2 и тоа стои во официјалниот записник кој го објави ФФМ, на кој пишува дека резултатот на полувреме гласел 25:1.
Сепак, со уште поголема разлика победил скопскиот тим Арбен Бајрами, кој славел над Јувентус Серава со 75:1, а на полувреме водел со 34:1. Само за споредба, КМФ Проект на претходниот меѓусебен дуел го победи Енхалон со 4:0, а Арбен Бајрами славел над Јувентус Серава со 11:5.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)