Поврзете се со нас

Шпанија

Невнимателниот Муричи за малку ќе му скршеше нога на соиграч на Миовски (Видео)

Објавено

на

Бојан Миовски не стои на располагање на својот тренер Мичел поради повредата на зглобот која ја заработи пред натпреварот со Ливерпул, а акумулираните резултати полека укажуваат дека овој тим на Џирона сепак не е способен да се натпреварува на повеќе фронта.

Најпријатното изненадување во Шпанија од минатата сезона се избори за највисок европски ранг, но лошата форма во Лигата на шампиони придонесе и доста неубедливи изданија во Ла Лига.

Џирона денеска загуби на гостувањето на Балеарските Острови на натпревар на кој повеќе од 60 минути играше со човек повеќе, но наместо да бркаат победа, гостите беа тие кои примија гол.

Мајорка оствари херојска победа од 2:1 без својот најдобар напаѓач, а причина за тоа беше невнимателниот старт кој го направи Ведат Муричи.

Фудбалерот од Косово со отворен ѓон за малку ќе му скршеше нога на Брајан Хил, па судијата Маесо по проверката му го покажа патот кон соблекувалните.

Ова се случи при резултат 1:1 во 30-та минута, но Мајорка сепак го пронајде патот до победата и славеше со вториот гол на Ларин (единствен стрелец за Џирона беше Ван де Бек).

Инаку, за Ведат ова беше втор црвен картон на последните четири меча, бидејќи црвен картон заработи и на пресметката со Лас Палмас.

 

Видеото погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни