Поврзете се со нас

Англија

Невил знае зошто Гвардиола останува во Сити: Сигурно му е ветено…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола пред неколку дена официјално ги реши сите дилеми околу иднината и тоа со нов двегодишен договор со Манчестер Сити според кој ќе остане на „Итихад“ до 2027 година.

Поради различни причини постоеја дилеми околу тоа дали Шпанецот ќе продолжи да го води англискиот првак кој во моменетов е во резултатска криза и има пет порази во низа, нешто што досега никогаш не му се случило на Гвардиола во тренерската кариера.

Тој ќе мора да пронајде решение, а во меѓувреме на островот се уште има коментари околу одлуката, одлука која се обиде да ја објасни Гери Невил од свој агол.

-Ако Сити ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе биде најголемата ПЛ освоена од Гвардиола. Поради се што досега видовме. Мислам дека ќе бидат актини во јануари и ќе добијат играч од средниот ред, тоа е број 1. Ама за да го натераат Пеп повторно да остане, тие очигледно му ветија одличен договор, но мора да му ветиле и реинвестирање следното лето што е доста спектакуларно и реконструкција на овој тим.

-Мислам дека ќе го чекаат тоа. Мислам дека нема да видиме два, три или четири засилувања во јануари, можеби само еден за да се реши проблемот со средниот ред, -порача Невил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни