Невил збесна по големата утка на Марсијал, Кин му пресуди: Не е доволно добар за Јунајтед! (Видео)

marsijal-utka

Манчестер Јунајтед беше во целост надигран на „Енфилд Роуд“, но во најголем дел од мечот беше во игра, или поточно, имаше активен резултат се до последната минута од судиското надополнување кога Мохамед Салах ги разреши сите дилеми околу победникот.

Јунајтед имаше минимална негатива од 1:0 и тоа секако им даваше можност да веруваат во поволен резултат, а најблиску до тоа беа во второто полувреме кога Антони Марсијал имаше колосална шанса за израмнување. По едно одлично двојно додавање, Французинот се најде осамен пред голот на Бразилецот Алисон, но наместо да ја затресе неговата мрежа, тој биеше силно и енергично преку голот.

Оваа шанса секако ги фрустрираше фановите на Јунајтед, а најдобар доказ за тоа е и реакцијата на Гери Невил кој имаше задача да го коментира ова дерби како стручен аналитичар на „Скај Спортс“.

Ако тој беше во ложата на новинарите, неговиот поранешен соигрча Рој Кин беше во студиото на „Скај Спортс“, а тој беше далеку подрзок и порача дека Марсијал не заслужува да го носи дресот на Јунајтед.

– Ова промашување ја отсликува неговата кариера во Манчестер Јунајтед, едноставно во оваа ситуација мора да го погодите голот. Поради тоа тој не е доволно добар за Манчестер Јунајтед, – во свој стил порача Кин.

Facebook Коментари